Имаме 2.844 текстови на македонски јазик.
категории · песок· помош · индекс · портал · авторски права · администратори

Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило. Но како може да се пишува со грчки букви: и бгъ или жизънь, ѕѣло или цркѿвъ или члкъ или широта или шєдрѿты или юность или ѫзыкь или ıaдь и слични на тие? И така се продолжуваше многу години. Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик. Таа започнува со алфа, а оваа со аз. И така обете започнуваа со аз. И како што Грците ги направија своите букви подражавајќи ги еврејските, така и тој по образец на грчките. Како што Евреите, кога воведуваат дете во училиште му велат: „Учи се!“ - како она што значи алеф, така и Грците го примија алфа. По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето! „Во училиштето барај алфа, бој се, вели, од грчкиот јазик!“ Слично на тоа и Св. Кирил ја направи првата буква аз. И како прва буква аз, дадена од Бога на словенското племе за да се отворат устите на децата при учењето на разумот преку буквите, тоа се произнесува со широко отворање на устата, а другите букви се произнесуваат со послабо отворање на устата. Овие словенски букви и вака треба да се пишуваат и изговараат: а, б, в дури до о и тие се 24 букви. Исти како грчките букви се и овие: А, Б, Г, Д, є, З, И, Т, Ї, К, Л, М, Н, Ѕ, О, П, Р, С, Ѿ, Ѵ, Х, Ш, Т, Ф. Четиринаесет се според словенскиот јазик и тие се овие: Б, Ж, Ѕ, Ц, Ч, Ш, Ш, Ъ, Ы, Ь, Ѣ, Ю, Ѫ, Ѧ. Некои велат: „Зошто сторил 38 букви? Може да се пишува и со помалку како што прават Грците кога пишуваат со дваесет и четири“. Но тие не знаат точно со колку букви пишуваат Грците. Има, навистина, 24 букви, не не ги исполнуваат со нив книгите, ами додале уште 11 двогласи и 3 знака за броевите 6, 90 и 900, та се збираат 38 букви. (Повеќе...)

  
на Викиизвор на македонски јазик
— слободна библиотека која секој може да ја подобри!
  • Автори
  • 2.844 текстови

Викиизвор е достапна библиотека за слободни публикации, собрани и подобрени од нашата заедница.

Како да уредувам? Започнете со нашиот вовед, а потоа можете да ги погледнете и следните страници: почетен курс, прашања, азбучен индекс и нови статии.

А · Б · В · Г · Д · Ѓ · Е · Ж · З · Ѕ · И
Ј · К · Л · Љ · М · Н · Њ · О · П · Р
С · Т · Ќ · У · Ф · Х · Ц · Ч · Џ · Ш

страници · нови страници · категории

Викиизвор е проект на фондацијата Викимедија, непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Wikipedia-logo-v2.svg
Википедија
Слободна енциклопедија
Commons-logo.svg
Заедничка ризница
Заедничка медиумска колекција
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Извор на вести со бесплатна содржина
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Бесплатни учебници и прирачници
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Директориум на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Слободни материјали и активности за учење
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-Вики
Координација на проектот „Викимедија“
This article is issued from Wikisource. The text is licensed under Creative Commons - Attribution - Sharealike. Additional terms may apply for the media files.