Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 100.573 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Галија — антички брод кој го управувале веслачи, а се користел при војување и тргување. Постојат извори дека изработката на весла потекнува од египетското Старо Кралство. Многу галии имале јарболи и весла, кои ги користеле кога ветерот бил поволен.

Во поморското војување на Средоземното Море од Хомеровото време до развојот на топовските бродови околу XV и XVI век. Галиите се бореле во војните кои ги воделе древна Персија, Грција, Картагина и Рим, сѐ до IV век. По пропаѓањето на римското царство галиите помалку се користеле во византиската морнарица и останатите наследници на Римското царство, како и од страна на новите муслимански држави. Средновековните средоземноморски држави, италијанските приморски републики, меѓу кои и Венецијанската република, Пиза и Џенова ги користеле галиите, сѐ додека мановарите не ги истиснале од употреба. Битката кај Лепанто (1571) била една од најголемите поморски битки во кои галиите продолжиле да бидат користени како главна поморска сила, сѐ додека широкотрупните воени бродови со едра не се појавиле во Средоземното Море во XVII век. Галиите се користеле во помал број до појавата на парната машиина, кога целосно биле исфрлени од употреба. (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот

Живописното село Конк во Аверон, јужна Франција.

Шематски приказ на работењето на еден ласер.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Споредба на Аралското Езеро во 1989 и 2014 г.
  • ... дека Аралското Езеро е сведено на поголема бара поради прекумерното користење на водата од реката Аму Дарја за наводнување на памучните полиња?
  • ... дека древномакедонскиот Дервенски папирус најден кај селата Ајватово и Лагиново, Солунско, е најстариот зачуван ракопис во Европа и датира од времето на Филип II Македонски?
  • ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
  • ... дека Јеловјане и Урвич во Горни Полог (Тетовско) се горански села, иако не се во областа Гора?
  • ... дека римскиот пат Вија Егнација е наречен по нејзиниот градител — Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија?
  • ... дека историско-географската област Чеч се протега во Пиринска и Егејска Македонија, но дел од нејзиното население живее во Одринско, европска Турција?
  • ... дека првото сметачко глувче е направено во 1964 г. како изум на американскиот инженер Даглас Енгелбарт?
  • ... дека Русумскиот мост на реката Кагера го прешле дури 250 000 лица во рок од 24 часа, бегајќи во Танзанија од геноцидот во Руанда?
  • ... дека целата Британска Индоокеанска Територија (аргипелагот Чагос) воопшто нема постојано население?
  • ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
  • ... дека Општина Долнени има дури 184 познати археолошки наоѓалишта?
  • ... дека споменикот „Валхала“ кај Регенсбург е здание во облик на антички храм кое ги чествува великаните од историјата на германските народи?
  • ... дека во Македонија традиционално се користеле кирилични бројки наместо подоцна воведените арапски?
  • ... дека Бања Банско е изградена од римскиот цар Каракала во III век?
  • ... дека музејот Уфици во Фиренца еден од најстарите и најпосетуваните во светот?
  • ... дека македонскиот народ во минатото галаксијата Андромеда ја нарекувал Гумно?
  • ... дека Малдивите имаат просечна надморска висина од само 80 см?
  • ... дека на Кавказот има дури три непризнаени држави — Апхазија, Јужна Осетија и Нагорно-Карабах (Арцах)?
  • ... дека рускиот космонаут Алексеј Леонов е првиот човек во историјата кој излегол во отворена вселена?
  • ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
  • ... дека мексиканскиот цар Максимилијан I бил помлад брат на австрискиот цар Франц Јозеф I?
  • ... дека првите градови настанале во Сумерија во IV милениум п.н.е.?
  • ... дека Средноатлантскиот Гребен е дел од подводен верижен систем кој се протега 40.000 км низ целиот свет?
  • ... дека англискиот збор Thursday (четврток) доаѓа од старонордискиот Þorsdagr, што значи „Ден на богот Тор“.
  • ... дека сè до 2015 г. во Западните Фјордови на Исланд важел закон дека секој Баскиец виден на таа територија треба да се убие на лице место?
  • ... дека меѓународниот стандарден книжен број (ISBN) е воведен во 1970 година?
На денешен ден…

Денес е 7 мај 2019 г.

Настани:
Грб на универзитетот МГУ „Ломоносов“ во Москва
1755  На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет (грб на сликата), кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука.
1838  Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно го пронајде овој вид на фотографија.
1929  За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.
1939  Втора светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин-Рим“.
1993  Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.
1999  Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.
2012  Владимир Путин по вторпат станува претседател на Русија.

Родени:

1711  Дејвид Хјум — шкотски философ и економист.
1833  Јоханес Брамс — германски композитор - романтичар.
1840  Петар Илич Чајковски — руски композитор, еден од најголемите симфоничари на XIX век.
1841  Гистав Ле Бон — истакнат француски социопсихолог и социолог, основач на дисциплината психологија на толпата и инспирација за Хитлеровото дело „Мојата борба“.
1861  Рабиндранат Тагоре — индиски поет и мислител.
1892  Јосип Броз - Тито — југословенски револуционер и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
1901  Гари Купер — американски глумец.
1919  Ева Перон — сопруга на претседателот на Аргентина, Хуан Перон.
1940  Артур Блајт — американски џез-музичар.
1986  Евгениј Воронов — руски кошаркар.

Починале:

1840  Каспар Давид Фридрих — најистакнат сликар на германскиот романтизам.
1906  Андонис Влахакис — андартски капетан.
1924  Димитар Благоев — бугарски политичар
1925  Тодор Паница — бугарски револуционер, деец на ВМОРО
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Содржина и помош

почетен курс · помош · кратко упатство · превод на статија · вашата прва статија · селска чешма · викисредби · начела и напатствија · категориски индекс · избрана содржина · добри статии · нови статии · потребни статии

Тематски портали

Природни науки
астрономија · биологија · геологија · екологија · информатика · математика ·
логика · медицина · физика · хемија

"Општествени науки"

Општествени науки
археологија · економија · историја · митологија · политика · право · психологија · социологија · филозофија

"Географија"

Географија
Европа · Јужна Америка · Азија · Африка · Северна Америка · Антарктик · Океанија

"Технологија и применети науки"

Технологија и применети науки
индустрија · семрежје · инженерство · земјоделство · општење · образование · транспорт

"Уметност и култура"

Уметност и култура
архитектура · мода · јазици · кулинарство · ликовна уметност · книжевност · музика · религија · спорт · драмска уметност · телевизија · филмска уметност

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич

најгоре  · превчитај ја страницава · статистики · односи со јавноста · пријавете неправилност · village pump

This article is issued from Wikipedia. The text is licensed under Creative Commons - Attribution - Sharealike. Additional terms may apply for the media files.