Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 98.945 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Диего Гарсијаатол кој се наоѓа малку појужно од екваторот, сместен во средиштето на Индискиот Океан, а е најголемиот од 60-те мали острови кои го чинат Чагос Архипелагот. Тој бил француска колонија во 1790-тите години, но по Наполеоновите војни потпаднал под британска власт. Под британска власт бил една од „Зависностите“ (анг. Dependencies) на британската колонија Маврициус, сè додека не бил одвоен од Маврициус за да биде приклучен кон новосоздадената Британска територија во Индискиот Океан (BIOT, од англ. British Indian Ocean Territory) во 1965 година.

Помеѓу 1968 и 1973 година, населението на островот било насилно протерано од Обединетото Кралство и САД, за да се изгради американска воена база на островот. Голем број жители на островот биле депортирани на Маврициус и на Сејшелите, по што САД изградиле голема поморска и воена база, која оттогаш е во континуирана операција. До август 2018 година, Диего Гарсија е единствениот населен остров на BIOT; населението е составено од воен персонал и помошни изведувачи. Тој претставува една од двете критични американски бази бомбардери во Азиско-пацифичкиот регион, заедно со воздухопловната база Андерсен (англ. Andersen Air Force Base), која се наоѓа на островот Гуам во Тихиот Океан.

Атолот се наоѓа 3.535 км источно од брегот на Танзанија, 1.796 км југозападно од јужниот дел на Индија (градот Канијакумари) и 4.723 км северозападно од западниот брег на Австралија (кај Кејп Рејнџ националниот парк, Западна Австралија). Диего Гарсија лежи на најјужниот дел од морскиот гребен Чагос-Лакадив, кој претставува огромен подводен планински венец, чии врвови се составени од корални гребени, атоли и острови како што се Лакадиви, Малдиви и Чагос Архипелагот. Локалното време е UTC+06:00 во текот на целата година (нема летно сметање на времето). (Дознајте повеќе...)


Слика и снимка на денот

Хотелот „Вестшранд“ на островот Нордернај во Долна Саксонија, Германија.

Полковникот Лажговски го осуетува непријателот (1915) — американски анимиран филм, дело на Џ. Р. Бреј.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Цртеж на кој е прикажано правилно држење на стапчињата за јадење
На денешен ден…

Денес е 11 февруари 2019 г.

Настани:

660 п.н.е.  Според преданијата, царот Џиму ја основал Јапонија. Денес е Ден на државноста на Јапонија.
55  Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот.
1531  Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква.
1919  Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија.
1929  Со потпишувањето Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава - „Чита дел Ватикано“. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945  Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации.
1990  Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник.
1997  Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на „Хабл“.

Родени:

1800  Вилијам Фокс Талбот — англиски пионер во фотографијата.
1847  Томас Алва Едисон — американски техничар и пронаоѓач.
1902  Арне Јакобсен — дански архитект.
1936  Берт Рејнолдс — американски глумец.
1944  Лордан Зафрановиќ — хрватски режисер.
1959  Милко Симовски — македонски фудбалер.
1962  Шерил Кроу — американска поп-рок музичарка.
1964  Семир Туце — босански и југословенски фудбалер.
1967  Чиро Ферара — италијански фудбалер.
1969  Џенифер Анистон — американска глумица.
1974  Себастјен Ино — француски велосипедист.
1981  Хуан Хосе Кобо — шпански велосипедист.
1981  Ариц Адуриз — шпански фудбалер.
1983  Рафаел ван дер Варт — холандски фудбалер.
1984  Марко Маркато — италијански велосипедист.
1994  Роман Зобнин — руски фудбалер.
1996  Лукас Тореира — уругвајски фудбалер.

Починале:

1650  Рене Декарт — француски филозоф, математичар и физичар.
1935  Германос Каравангелис — грчко духовно лице.
1948  Сергеј Ејзенштејн — советски режисер.
1953  Урош Предиќ — српски сликар.
1963  Силвија Плат — американска поетеса.
1974  Владимир Смирнов — руски и советски математичар.
1985  Хенри Матавеј — американски филмски режисер.
1993  Десанка Максимовиќ — српска поетеса.
2000  Роже Вадим — француски филмски режисер.
2012  Витни Хјустон — американска поп-пејачка.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Содржина и помош

почетен курс · помош · кратко упатство · превод на статија · вашата прва статија · селска чешма · викисредби · начела и напатствија · категориски индекс · избрана содржина · добри статии · нови статии · потребни статии

Тематски портали

Природни науки
астрономија · биологија · геологија · екологија · информатика · математика ·
логика · медицина · физика · хемија

"Општествени науки"

Општествени науки
археологија · економија · историја · митологија · политика · право · психологија · социологија · филозофија

"Географија"

Географија
Европа · Јужна Америка · Азија · Африка · Северна Америка · Антарктик · Океанија

"Технологија и применети науки"

Технологија и применети науки
индустрија · семрежје · инженерство · земјоделство · општење · образование · транспорт

"Уметност и култура"

Уметност и култура
архитектура · мода · јазици · кулинарство · ликовна уметност · книжевност · музика · религија · спорт · драмска уметност · телевизија · филмска уметност

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич

најгоре  · превчитај ја страницава · статистики · односи со јавноста · пријавете неправилност · village pump

This article is issued from Wikipedia. The text is licensed under Creative Commons - Attribution - Sharealike. Additional terms may apply for the media files.