Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 95.048 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица

Московски кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс кој се наоѓа во центарот на Москва, Русија. Самиот комплекс е опкружен од реката Москва од југ, црквата Свети Василиј и Црвениот плоштад на исток, до Александровата градина на запад. Овој кремљ е најпознатата руска тврдина, во чиј состав се наоѓаат четири палати и четири катедрали. Самата тврдина е обиколена од Кремљските ѕидини, на кои пак се поставени дваесет кули.

Самиот назив за Кремљ честопати се користи како метоним на владата на Советскиот Сојуз (1922-1991), бидејќи во тоа време овде се наоѓале работните канцеларии на генералните секретари, премиери, претседатели, министри и комесари. Денеска, комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Русија.

Во текот на своето постоење, Московскиот кремљ доживеал голем број на реконструкции. Изгледот на тврдината на неколку пати бил менуван. Секое раздобје од историјата на Русија и владетелите кои управувале со него, оставале своја трага во изградбата и развојот на градот. Најголеми заслуги за развојот и опстојувањето на Московскиот кремљ им се препишува на: Иван III Василевич, Катерина Велика и Николај I. (Дознајте повеќе...)

Слика и снимка на денот

Поглед на Царските Планини во Тирол, Австрија.


I став на ораториумот Месија (1741) од Георг Фридрих Хендл.

Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

На денешен ден…

Денес е 24 јуни 2018 г.

Настани:

972  Се одвива Битката кај Цедиња во близина на истоимениот град во Полска, во која полските сили ја забележуваат својата прва победа во историјата на војувањето.
1441  Формиран е Колеџот Итон.
1497  Џон Кабот стапнува на северноамериканско тло кај Њуфаундленд, Канада - прво европско откритие на регионот по Викинзите.
1509  Хенри VIII после женидбата со Катерина, вдовицата на својот брат, бил крунисан во Вестминстерската капела за крал.
1793  Усвоен првиот републикански устав во Франција.
1859  Пиемонт и Франција ја поразуваат Австрија кај Солферино, Северна Италија. Битката кај Солферино ќе го поттикне Анри Динан да го основа Црвениот крст.
1861  Од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат „Зборникот народни умотворби“ на браќата Миладиновци.
1894  Бил извршен атентат на францускиот претседател Сади Карно, кој се борел за ограничување на синдикалните права.
1901  Првата изложба на Пабло Пикасо во Париз.
1910  Јапонија ја освојува Кореја.
1918  Гигантскиот топ Големата Берта започнува со бомбардирање на Париз.
1940  Франција и Италија потпишуваат примирје.
1944  Македонска делегација во состав: Методија Андонов - Ченто, Емануел Чучков и Кирил Петрушев на Вис се среќаваат со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, на средбата делегацијата го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.
1945  Одржана парадата на победата над фашизмот во Москва.
1947  Прв познат случај на средба со НЛО. Кенет Арнолд, летајќи над Вашингтон, забележува девет светлечки дискови во форма на чинии.
1983  Јасер Арафат протеран од Дамаск.
1990  Основана е Работничката партија, левичарска политичка партија во Република Македонија.
1991  Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот судир заврши за триесетина дена со Брионската декларација и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во Србија и во БиХ.
1996  Мајкл Џонсон го надминува светскиот рекорд на 200 метри, со време од 19,66 секунди.
1999  Гитарата на Ерик Клептон со која е снимена Layla е продадена на аукција за 497,500 долари.

Родени:

1842  Емброуз Бирс — американски писател.
1869  Георги — грчки принц.
1895  Џек Демпси — американски боксер.
1911  Ернесто Сабато — аргентински писател.
1911  Хуан Мануел Фанџо — аргентински возач во „Формула 1“.
1928  Бранко Хорват — хрватски и југословенски економист.
1930  Клод Шаброл — француски режисер, сценарист и глумец.
1959  Дерек Симпсон — јамајски реге-пејач.
1950  Мајда Тушар — македонска театарска и филмска глумица.
1951  Чарлс Стариџанглиски сценарист.
1968  Борис Гелфанд — израелски шахист.
1977  Франсин Жордишвајцарска пејачка.
1985  Крунослав Симон — хрватски кошаркар.
1992  Давид Алаба — австриски фудбалер.

Починале:

1322  Матео I Висконти — владетел на Милано.
1519  Лукреција Борџија — ќерка на Родриго Борџија.
1894  Мари Франсоа Сади-Карно — претседател на Франција.
1993  Масимо Урбани — италијански џез-музичар.
2000  Вера Еткинс — британска шпионка од романско потекло.
2002  Пјер Вернер — премиер на Луксембург.
2011  Томислав Ивиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Содржина и помош

почетен курс · помош · кратко упатство · превод на статија · вашата прва статија · селска чешма · викисредби · начела и напатствија · категориски индекс · избрана содржина · добри статии · нови статии · потребни статии

Тематски портали

Природни науки
астрономија · биологија · геологија · екологија · информатика · математика ·
логика · медицина · физика · хемија

Општествени науки
археологија · економија · историја · митологија · политика · право · психологија · социологија · филозофија

Географија
Европа · Јужна Америка · Азија · Африка · Северна Америка · Антарктик · Океанија

Технологија и применети науки
индустрија · семрежје · инженерство · земјоделство · општење · образование · транспорт

Уметност и култура
архитектура · мода · јазици · кулинарство · ликовна уметност · книжевност · музика · религија · спорт · драмска уметност · телевизија · филмска уметност

Други области
  • Селска чешма — Централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — Проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект - освен на македонски, Википедија е достапна и на 285 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич

најгоре  · превчитај ја страницава · статистики · односи со јавноста · пријавете неправилност · village pump

This article is issued from Wikipedia. The text is licensed under Creative Commons - Attribution - Sharealike. Additional terms may apply for the media files.